На големо разочарување, домаќинот на турнирот во Ботевград, екипата на Балкан го загуби полуфиналниот дуел со екипата на Цмоки Минск.
Екипата чиј што предводник од клупата е поранешниот македонски селектор, Јовица Арсиќ, имаше слаб финиш, и остана покуса за осум поени (65:73).
А место во финалето обезбеди и екипата на Нептунас која беше за четири поени подобра од Лондон Лајонс (77:73).
Денеска се играат мечевите од групата „Ц“. Во Ботевград ќе разигруваат Игокеа (БиХ) и Клуж Напока (Романија), односно португалскиот Спортинг и Фрибург Олимпик (Швајцарија).
На собирот во Никозија, домаќинот, екипата на Керавнос, со тешка мака излезе како победник против солунски Ираклис (96:94).
Многу помалку неизвесност имаше во дуелот Донар Гронинген-Дњипро. Составот од Холандија славеше со убедливи (88:53), па ќе се бори за место во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Вечерва ќе станат јасни и финалистите во групата „А“. Хапоел од Тел Авив важи како фаворит во мечот против Бакен Беарс, а интересно ќе биде и на средбата Анвил Влоцлавек-Монс.
За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, овие квалификациски натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА, се реализираат без присуство на публика.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
ГРУПА А (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)
15.30: Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив
19.30: Анвил Влоцлавек – Монс
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)
ПОЛУФИНАЛЕ
Донар Гронинген – Дњипро 88:53
Керавнос – Ираклис 96:94
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
19.00: Керавнос - Донар Гронинген
ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)
15.30: Фрибург Олимпик – Спортинг
19.30: Клуж Напока – Игокеа
ФИНАЛЕ (25.СЕПТЕМВРИ)
ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2
ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)
ПОЛУФИНАЛЕ
Нептунас – Лондон Лајонс 77:73
Цмоки Минск – Балкан 73:65
ФИНАЛЕ (24.СЕПТЕМВРИ)
19.00: Нептунас – Цмоки Минск