25.09.2020

Вечерва се бараат последните два учесници за групната фаза од ова натпреварување

Квалификации за ФИБА Лигата на Шампионите: Првите билети за Керавнос и Цмоки Минск

По одигрувањето на двата финални натпревари од двата турнири, познати се и две екипи кои во сезоната 2020/2021 ќе се натпреваруваат во групната фаза од ФИБА Лигата на Шампионите.

Во Ботевград, белорускиот претставник Цмоки Минск излезе како победник во финалниот меч против екипата на Нептунас, (69:59). И за прв пат еден тим од Белорусија се пласираше во Лигата на Шампионите која ја организира ФИБА.

На првото финале во Никозија беше многу подраматично. Домаќинот на турнирот, екипата на Керавнос ја искористи „предноста“ на домашниот терен и со плус 3, (60:57) го совлада холандскиот претставник, Донар Гронинген.  

За жал, поради пандемијата на КОВИД 19, овие квалификациски натпревари од најквалитетното натпреварување на ФИБА, се реализираат без присуство на публика.

Вечерва ќе ги дознаеме и другите два учесници на групната фаза од ФИБА Лигата на Шампионите. Во втората финална вечер, од 19.часот, во Ботеград ќе играат екипите на Игокеа и Спортинг.

Во Никозија, во истиот термин, за место во Лигата на Шампионите ќе се борат екипите на Бакен Беарс и Монс.   

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД

ГРУПА А (НИКОЗИЈА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Бакен Беарс – Хапоел Тел Авив          91:71

Анвил Влоцлавек – Монс          69:81

ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)

19.00: Бакен Беарс-Монс

 

ГРУПА Б (НИКОЗИЈА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Донар Гронинген – Дњипро    88:53

Керавнос – Ираклис        96:94

ФИНАЛЕ

Керавнос - Донар Гронинген   60:57

 

ГРУПА Ц (БОТЕВГРАД)

ПОЛУФИНАЛЕ

Фрибург Олимпик – Спортинг 78:84

Клуж Напока – Игокеа    75:82

ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА)

19.00: Спортинг - Игокеа

 

ГРУПА Д (БОТЕВГРАД)

ПОЛУФИНАЛЕ

Нептунас – Лондон Лајонс       77:73

Цмоки Минск – Балкан  73:65

ФИНАЛЕ

Нептунас – Цмоки Минск          59:69