04.07.2022

Шести пораз на „црвено-жолтите“ за крај на квалификациската трка за СК 2023, Украина подобра од Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ (73:68)

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 20203: Украина ја одзема последната шанса за триумф на силно мотивираната Македонија

Сениорската репрезентација на Макдонија не успеа да ја запише првата победа во квалификациите за Светскиот Куп 2023 година. Во шестиот и последен меч од групата „Г“, Украина славеше победа, и ги задржа шансите да го освои второто место во друштвото на Шпанија и Грузија. 

Нам, пак, веќе во последната седмица од август, ни следува настап во вториот круг од квалификациите за Евробаскетот 2025. 

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА         68:71

Одлично офанзивно издание имаа гостите од Украина во првата четвртина од натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Реализираа дури 35. поени, и да не беа оние 13. поени на нашата страна кои стигнаа од капитенот Војдан Стојановски, извесно е дека гостите ќе имаа и поголема предност од стартната (35:21).

Тие плус 15 им овозможија на избраниците на селекторот Аинарс Багацкис да играат уште полесно.

Во продолжението, Мекиќ ја погоди четвртата тимска тројка, за да најави успешна втора четвртина за Македонија (24:35). Се покажа како успешна затоа што до истекот на полувремето нашите кошаркари успеаја да симнат дел од високата негатива. По 20.минути игра заостанувавме десет поени (37:47), а Јакимовски со десет поени, стана вториот двоцифрен кошаркар во нашата репрезентација.

Во ист стил продолживме...

Крстевски погоди тројка со која ја претвори негативата во едноцифрена (40:47). Двете слободни фрлања на Стојановски и положувањето на Николов, нè доближија на разлика од само „еден посед“ (44:47).

Михаљук, кој ни правеше и најмногу проблеми во нападот (реализирае 22 поени во три четвртини) ја прекина нашата серија од (7-0), во првите три минути од третата четвртина.

Не застанавме, дојдовме и до (51:54) откако Робев погоди кога се играше 29.минута. Слично беше „растојанието“ кога уште еднаш положи Николов и постави (53:57) и ја остави за отворена надежта дека можеме до првата победа во квалификациите за Светскиот Куп.

Крстевски и Јакимовски ја одржаа таа резултатска дистанца на почетокот на последниот период од играта (57:61). Но гостите успеаја да се одлепат на двоцифрена предност, откако направија серија од (8-0), за да водат со (69:57).

Но не ја загубивме самодовербата, напротив. По тројката на Јакимовски (негов 17.поен на средбата), Македонија имаше -4 (65:69), на 3:45 минути пред крајот на трката во светските квалификации. По неколку поред, нереализирани напади за комплетен „камбек“, казни Ковалов, за (71:65) на влезот во последната минута. Николов намали на (68:71), врати Михаљук (73:68) и го постави конечниот резултат.

Одлично издание имаше трилингот Стојановски-Јакимовски-крстевски. Искомбинираа 45 од крајните 66.поени за Македонија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2023

ГРУПА „Г“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – Украина           68:73

Грузија – Шпанија 82:76

ТАБЕЛА

1.Грузија      6          4          2          467:462        10

2.Шпанија   5          4          1          427:326        9         

3.Украина    5          3          2          387:369        8

4.МАКЕДОНИЈА    6          0          6          371:495        6

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР (7. ЈУЛИ)

Украина - Шпанија