Имавме една сосема добра четвртина, оаа првата, на гостувањето во Сарагоса, но фаворитот ја оправда улогата, стигна до планиранито успех кој го остави на првото место во групата „Г“ по пет одиграни кола од квалификациите за Светскиот куп 2023.
ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 80:44
Сосема добра прва четвртина одиграа нашите најдобри кошаркари во Сарагоса, макар уште еднаш во овие квалификации, во некомплетен состав со изостанок на неколку важни кошаркари. Изненадување, нешто слично на средбата во Скопје „сервираше“ еден од нашите најмлади играчи во селекцијата, Теодор Симиќ. Реализираше две тројки од два обиди (од четирите на гостинската екипа), и што е поважно, ја спречи серијата на „црвената фурија“, и донесе водство за нашиот тим. Макар и минимално (16:14) по осум минути игра во „Павиљонот Принц Фелипе“.
Поентирањето на Фернандез сепак и остави водство на домашната селекција (19:17).
Но, двете по ред, тројки на Санти Јуста, ја донесоа Шпанија до првото двоцифрено водство. Во 15.минута, светскиот првак поведе со (33:21). Само четири поени дадовме за шест минути во втората четвртина. Серијата на Шпанците продолжи, парцијално направија (20-4), и имаа уште повисоки (39:21).
Серијата без поени на нашиот тим, за кратко, ја прекина Јакимовски, но „црвената фурија“ не застана, до крајот на полувремето се избори за уште поголеми (45:23). Саиз веќе имаше 14. поени и 7. скока во домашната селекција, во нашата, Крстевски како стартер имаше седум, Симиќ остана на шест, Николов имаше пет, а Јакимовски четири...
Во второто полувреме попуштија, макар за малку, шпанските „стеги“, одигравме доста подобра трета четвртина, особено во одбраната. Немаше лесни поени за противникот. Но во завршницата на тој период, Шпанија уште еднаш притисна, стигна дo двојно поголеми (62:31) по 30.минути игра.
Јасно беше дека Шпанија ќе го продолжи победничкиот низ со кој скоро сигурно ќе ги донесе актуелните светски шампиони до првото место на табелата.
По овој петти пораз, нам ни проестанува за некоја вечер во Скопје, да с еобидеме уште еднаш а дојдеме до победа во овој квалификациски циклус.
Последната шанса за тоа се 40.минути против Украина, на 4. јули, во понеделник навечер, од 18. часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Деби за Стефанов и за Ташовски за сениорите
Натпреварот во Сарагоса вечерва беше посебен за двајца наши млади играчи.
Имено, Рубин Стефанов и Виктор Ташовски ги одиграа своите први минути во нашата најдобра селекција.
Најмладиот во нашиот состав, одигра нешто повеќе од една минута, во која имаше една загубена топка, додека пак бекот на ТФТ беше повеќе од две минути на теренот, во кои имаше еден неуспешен обид за три поени.
ФОТО: Рубин Стефанов
Украина ни ја одзема последна шанса за премин во следната фаза
Селекцијата на Украина, за жал, е третиот патник во следната фаза од квалификациите од нашата „Г“ група.
Вечерва, иако игра на неутрален терен, во Рига, Украинците стигнаа до победа против селекцијата на Грузија (79:66). За нив втора во четири одиграни натпревари, која во исто време е недостижна за нашата селекција во пресрет на последното 6. коло, и дуелот во Скопје, закажан за 4. јули.
Украинците се стекнаа и со предност во однос на Грузија, поради повисоката победа во вечерашниот дуел, и со евентуален триумф во следното коло, против „црвено-жолтите“ ќе преминат во следната фаза како второпласирани во групата „Г“.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2023
ГРУПА „Г“
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Украина – Грузија 79:66
Шпанија – МАКЕДОНИЈА 80:44
ТАБЕЛА
1.Шпанија 4 4 0 351:244 8
2.Украина 4 2 2 314:303 6
3.Грузија 5 3 2 385:386 8
4.МАКЕДОНИЈА 5 0 5 305:422 5
ИДНО КОЛО (4. ЈУЛИ)
МАКЕДОНИЈА – Украина
Грузија - Шпанија