01.03.2022

По 4.круг од натпреварите, познати се пет репрезентации од европската зона, кои се веќе учесници на втората фаза.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2023: Србија, Летонија, Франција, Шпанија и Грузија во следниот круг

Вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ е зад нас. Одиграни се уште две кола, односно четири од вкупно шест, по кои ќе бидат познати сите 24. национални селекции кои ќе се борат за 12. места кои водат на Мундобаскетот во 2023 година.

А по овој круг од натпреварите, познати се пет репрезентации од Европската зона, кои се веќе учесници на втората фаза.

Освен Шпанија и Грузија, кои се одвоија во нашата „Г“ група, уште три селекции обезбедија пласман во наредниот квалификциски круг.

Две од нив се од групата „А“...

Фаворитот за медал на Светскиот Куп, селекцијата на Србија по двете победи над Словачка во рок од четири дела, има скор (3-1), кој е недостижен за Белгија односно Словачка. А во следната фаза е и репрезентацијата на Летонија, која е на ист ефект, три победи и еден пораз.

Место во решавачката фаза има и за засега единсвената репрезентација без пораз во четири одиграни натпревари – Франција, која доминира во групата „Е“ во која за второто место ќе се борат Црна Гора и Унгарија кои си разменија по една победа, интересно, на гостински терен.

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2023 – ЕВРОПСКА ЗОНА

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ГРУПА А

Словачка – Србија            63:71

Летонија – Белгија           68:63

ТАБЕЛА: *Србија 7, *Летонија 7, Белгија 6, Словачка 4;

ГРУПА Б

Турција – Грција   67:76

Велика Британија – Белорусија          одл.

ТАБЕЛА: Грција 7, Турција 5, Белорусија 3 (-2), Велика Британија 3 (-2)

ГРУПА Ц

Словенија – Финска         79:83

Шведска – Хрватска        98:105

ТАБЕЛА: Финска 7, Словенија 6, Шведска 6, Хрватска 5;

ГРУПА Д

Израел – Германија         67:71

Естонија – Поласка          75:71

ТАБЕЛА: Германија 7, Израел 6, Естонија 6, Полска 5;  

ГРУПА Е

Унгарија – Црна Гора      67:83

Франција – Португалија 94:56

ТАБЕЛА: *Франција 8, Црна Гора 6, Унгарија 6, Португалија 4;

ГРУПА Ф

Чешка – Бугарија  83:80

Литванија – БиХ    77:56

ТАБЕЛА: *Литванија 8, БиХ 6, Бугарија 5, Чешка 5;

ГРУПА Г

Македонија – Грузија     65:79

Украина – Шпанија          одл.  

ТАБЕЛА: *Грузија 7, *Шпанија 6, Украина 4, Македонија 4

ГРУПА Х

Италија - Исланд  95:87

Русија – Холандија          одл.

ТАБЕЛА: Русија 6 (-1), Италија 6, Исланд 6, Холандија 3 (-1)