По Финска, Германија и Летонија, од синоќа, сигурни патници на Далечниот исток се уште шест европски селекции: Литванија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија и Грција.
Индиректно, решена е ситуацијата во групата „Ј“ (Германија, Финска, Словенија) и натпреварите во февруари нема да имаат апсолутно никакво значење.
Во другите три групи останува уште по едно слободно место.
Србија го доби трилер-дуелот против Турција, во Белград славеше со минимални (77:76), и многу извесно ќе им се придружи на Летонија и Грција, кои го потврдија пласманот со победите против Велика Британија, односно Белгија.
Многу понеизвесно наредниот ФИБА „прозорец“ планиран за февруари 2023 година, ќе биде во групите „К“ и „Л“, затоа што по три репрезентации конкурираат за едно место кое води на Светскиот Куп 2023.
Во групата „К“, тоа се Црна Гора, БиХ и Унгарија, а во групата „Л“ – Грузија, Исланд и Украина.
ГРУПА И
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Летонија – Велика Британија 79:63
Србија – Турција 77:76
Белгија – Грција 70:72
ТАБЕЛА: ЛЕТОНИЈА 15, Србија 13, ГРЦИЈА 13, Турција 11, Белгија 11, Велика Британија 9;
ИДНО КОЛО (24.ФЕВРУАРИ, 2023)
Турција - Летонија
Велика Британија – Белгија
Грција – Србија
ГРУПА Ј
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Финска – Естонија 91:71
Шведска – Израел 71:68
Словенија – Германија 81:75
ТАБЕЛА: ГЕРМАНИЈА 18, ФИНСКА 18, СЛОВЕНИЈА 17, Шведска 15, Израел 13, Естонија 12;
ИДНО КОЛО (24.ФЕВРУАРИ, 2023)
Израел - Финска
Естонија – Словенија
Германија – Шведска
ГРУПА К
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Унгарија – Чешка 83:69
Црна Гора - Литванија 56:65
Франција – БиХ 92:56
ТАБЕЛА: ФРАНЦИЈА 18, ЛИТВАНИЈА 18, Црна Гора 16, БиХ 15, Унгарија 15, Чешка 13;
ИДНО КОЛО (23.ФЕВРУАРИ, 2023)
Чешка – Франција
БиХ – Црна Гора
Литванија - Унгарија
ГРУПА Л
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Украина – Исланд 79:72
Грузија – Италија 84:85
Шпанија – Холандија 84:72
ТАБЕЛА: ШПАНИЈА 15, ИТАЛИЈА 14, Грузија 12, Исланд 12, Украина 11, Холандија 8;
ИДНО КОЛО (23.ФЕВРУАРИ, 2023)
Исланд – Шпанија
Холандија – Грузија
Италија - Украина