А неверојатно звучи, четири од нив доаѓаат од просторите на некогашната држава.
Редоследно, селекцијата на Хрватска го победи нашиот женски национален тим, е една од нив со максимален ефект. Три победи во три одиграни кола. Со евентуално четврттата во сабота навечер, против селекцијата на Летонија (синоќа загуби од Германија со резултат 67:73), Хрватките ќе го потврдат учеството на Евробаскетот 2021.
Во слична ситуација се и селекциите на Србија, на Словенија и на Босна и Херцеговина.
Србинките ја победија Литванија (82:71), во „балонот“ во Истанбул, и ја држат лидерската позиција во групата „Е“.
Босна и Херцеговина беше немилосрдна во дуелот со Естонија, Во Сараево славеше со повеќе од убедливи (92:54), за прво место во групата „Ц“.
Словенија пак е перфектна во групата „А“, затоа што до максималниот ефект (3-0) дојде откако ја наполни „мрежата“ на кошаркарките од Исланд (94:58).
Петтата селекција со три победи во исто толку натпревари е Белгија. Нивната последна жртва е репрезентацијата на Португалија (59:49).