Првото коло од новата сезона донесе доста возбудувања на оние шест мечеви кои беа одиграни во изминатите три дена.
Сепак, за нијанса најдобра индивидуална партија има Ландриус Хортон. На гостувањето во Гевгелија и победата против Кожув (88:77), бекот на ТФТ од Скопје собра 30.индексни поени.
За 38:52 минути во игра, реализираше 24.поени (10/12 за два поени) и 4/5 од линијата за слободно фрлања. Олус и осум скока, две освоени топки и една блокада.
Вториот најдобар ефект во првото коло го има Дарко Соколов. Искусниот бек на Еуро Никел 2005 дојде до индекс-26 на средбата со Гостивар. Постигна 18.поени ((8/10 за два и 2/3 за еден поен) на кои придодаде п ошест скока и исто толку асистенции за 31:24 минути на теренот во „Јасмин“.
Двејн Морган имаше особено впечатливо деби во дресот на Феникс 2010. Екипата која го направи најголемото изненадување на почетокот на сезоната со победата над Навико ФМП Академија (70:68).
Американецот реализираше ефект од 24.поени, девет скока и едно додавање за 36:28 минут поминати во игра, или се заедно за индекс 27.
Бобан Стајиќ беше еден од најзаслужните што Пелистер го доби дерби-дуелот против екипата на МЗТ Скопје Аеродром (82:79).
За 33:39 минути на паркетот, имаше ефект од 23.поени (5/6 за два и 2/3 за три поени, додаде и четири асистенции еден скок и две освоени топки.
Петорката на премиерното коло во сезоната 2021/2022 се заокружува со ефектот на првиот стрелец од ланската сезона.
Стефан Крстајиќ не обезбеди победа за Навико ФМП Академија на средбата против Феникс 2010. Но има одлични индивидуални бројки. Односно 29. реализации (6/10 за два поен и 11/13 за еден поен), потоа седум скока, четири асистенции, и две загубени топки за 36:13 минути во игра.
ПРВА ПЕТОРКА
Ландриус Хортон (ТФТ) 30
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 27
Двејн Морган (Феникс 2010) 27
Бобан Стајиќ (Пелистер) 26
Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 26
ВТОРА ПЕТОРКА
Владимир Граниќ (Кожув) 26
Џонатан Холмс (Куманово 2009) 23
Александар Тодоровиќ (Гостивар) 23
Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 22
Горјан Марковски (Работнички) 22