27.03.2021

ХЛА Аликанте ја прекина серијата на порази

ЛЕБ ОРО ЛИГА: Долга „деветка“ на Ѓуроски

По два пораза во низа, екипата на ХЛА Аликанте ја совлада Ла Коруња со 85-60 и се врати во игра за првото место на табелата кое води директно во АЦБ лигата.

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски одигра 19 минути на ова средба. И за тој период постигна девет поени (1/3 за два, 2/4 за три, 1/1 од линијата за слободни фрлања). Имаше и по еден скок и една асистенција.

По оваа победа ХЛА Аликанте е на четвртата позиција на табелата во главната фаза од ЛЕБ Оро лигата на Шпанија. На чело и далеку понапред, е тимот на Бреоган со три победи повеќе.