Стојан Ѓуроски и неговиот ХЛА Аликанте останаа во трката за место во финалето на плеј-офот на ЛЕБ ОРО лигата на Шпанија.
На вториот меч од полуфиналето, по нерешениот резултат на полувремето (36:36), домаќинот направи една неверојатна серија по одморот. Ја добија третата четвртина домашните кошаркари со (31:12), по која гостите, екиата на Рио Бреоган не успеа да се опорави.
На крајот, сигурни (77:66) за ХЛА Аликанте, и нерешени (1-1) во серијата.
А токму македонскиот репрезентативец ја иницираше победничката серија. Уфрли две тројки во првите два обиди од третиот дел. На крајот заврши со ефект од девет поени (2/7 за три, 1/1 за два, и 1/2 за еден поен) и три скока за нешто повеќе од 19.минути поминати на теренот.
Доволно да се вратат во Луго, и за некоја вечер да побараат „брејк“ на теренот на Рио Бреоган.