03.06.2021 Репрезентативното крило реализираше 23. поени, но неговата екипа загуби со минимални (87:88) од Бреоган Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски имаше одлично издание против Бреоган во полуфиналето на плејофот во „Леб Оро“ лигата на Шпанија. Ѓуроски беше прв за тимот од Аликанте. Имаше шест постигнати тројки (од осум обиди), се заедно 23 поени на кои додаде пет скока и една асистенција. Но тоа не беше доволно за успех . Во драматичен финиш ХЛА Аликанте загуби со (88:87) и сега е во негатива од 1-0 во полуфиналната серија. Следниот меч од полуфиналето во Втората шпанска лига е во сабота навечер во Аликанте, кога Ѓуроски и соиграчите ќе имаат шанса да го „поправат“ она што не успеаја да го направат на дуелот во Бреоган.