Стојан Ѓуроски и ХЛА Аликанте вечерва го одиграа натпреварот од 14.коло од ЛЕБ ОРО лигата во Шпанија, во кој гостуваа кај екипата на Левитек Хуеска.
И на крајот, го загубија (64:76), и тоа со голем пресврт кој го направи домашната екипа во последниот период кој го реализира во своја корист (25-7).
А нашето репрезентативо крило реализираше девет поени (2/4 за три,1/2 за два и 1/2 за еден поен). Имаше и два скока, и по една освоена, односно загубена топка за тоа време поминато во игра на оваа средба.
По 13. одиграни мечеви во втората шпанска лига, екипата од Аликанте веќе не е на делба на првото место. Со скор (9-4) падна на втората позиција.