07.03.2021 Скромно издание на нашиот репрезентативец, шест поени и два скока во поразот од ЗТЕ Реал Кано (75:79) И Стојан Ѓуроски вечерва им се врати на клупските обврски кои ги има спрема екипата на ХЛА Аликанте. -Во 18. Коло од шпанската „ЛЕБ Оро“ лига тимот од Аликанте гостуваше кај екипата на ЗТА Реал Кано. Откако во регуларниот дел беше нерешено (71:71), на крaјот победата ја однесе домашната екипа (79:75) За нешто помалку од 31.минута на теренот, крилото на нашиот национален тим дојде до ефект од шест поени (0/5 за три, 3/3 за два поени), два скока и една асистенција. По овој пораз, екипата од Аликанте има скор (11-7), и падна на делба на третото место во групата „Б“ од втората шпанска лига.