18.10.2020

Во првото коло од групата „Б“, на гостински терен совладана е екипата на Баскет Џирона (83:77)

ЛЕБ ОРО ЛИГА НА ШПАНИЈА: Успешен почеток на Ѓуроски и ХЛА Аликанте

Овој викенд во Шпанија беше означен и почетокот на натпреварите во ЛЕБ Оро, односно втората шпанска лига. Во групата „Б“ од ова натпреварување е и екипата на ХЛА Аликанте, каде во оваа сезона настапува македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски.

А екипата од Аликанте имаше успешен почеток. На гостувањето во Џирона стигнаа и до првиот триумф во сезоната. Ѓуроски и соиграчите славеа со резултат (83:77).

Предност која ја реализираа уште во првата четвртина (23:17), која ја сочуваа до самиот крај на овој премиерен меч во кој Ѓуроски, одигра 30.минути.

Притоа, 203. сантиеметри високото крило на нашиот национален тим постигна осум поени (0/4 за три,3/4 за два, и 2/2 за еден поен). Освен тоа стартерот во тимот од Аликанте имаше и по два скока, две асистенции и две загубени топки.

Во следното коло, ХЛА Аликанте е домаќин на Леида, во меч кој е предвиден да се одигра на 23. октомври.