04.06.2021

Нашиот репрезентативец имаше најголем индекс на првите мечеви – 27!

ЛЕБ ОРО ЛИГА: Стојан Ѓуроски е МВП на првата рунда од полуфиналето

Полека но сигурно, Стојaн Ѓуроски ја пронајде формата потребна за ХЛА Аликанте да стигне до планираната цел – место во „Ендеса“ лигата во наредната натпреварувачка сезона.

На првиот меч од полуфиналната серија, на гостински терен, против Рио Бреоган, македонскиот репрезентативец имаше и најголем број на индексни поени – 27.

Највисок помеѓу четирите екипи полуфиналисти на почетокот на серијата која ќе ги даде двата финалисти во плеј-офот на „ЛЕБ ОРО “ лигата на Шпанија. Но доволен да биде прогласен за најкорисен играч во првиот круг од полуфиналето.

Ѓуроски застана на ефект од 23.поени (6/8 за три, 2/4 за два поени, и 1/1 за еден поен), плус и пет скока, и една асистенција во минималниот пораз (87:88) од Бреоган.