18.02.2020 Не му беше тешко на Лазар Лечиќ да дојде во А1 Арената „Борис Трајковски“ и да „одработи“ тренинг заедно со стручниот тим на нашата сениорска селекција. Иако со многу години зад себе, најголем дел од нив во кошаркарските арени ширум Европа и поранешната држава, на Лазар Лечиќ не му беше воопшто тешко синоќа да дојде до А1 Арената „Борис Трајковски“, за да ги посети нашиот стручен штаб, играчи, и дел од раководниот тим на федерацијата. Пред се, да им даде поддршка во реализацијата на планираните активности поврзани со претстојниот старт на квалификациите за ЕП 2021 година. „Навистина сум пријатно изненаден кога пред себе гледам една млада, една полетна екипа. Со голем број на млади репрезентативци. Со млад, стручен тим. Мислам дека имаме одличен состав. Им посакувам успешен старт во квалификациите, да го израдуваат овој наш народ со една победа против Естонија. Сите заедно треба да ги поддржиме овие момчиња“- порача популарниот „Грк“.