Кошаркарите на Ангели го прават тоа во еден ранг подолу, во Втората лига, но имаат и поголем коефициент на успешност.
Одиграа засега момците на тренерот Горан Ѓорѓиевски осум натпревари. И ги добија сите осум, последниот од нив против екипата на МКК Куманово (84:60) во заостанат натпревар од осмото коло.
Она што е уште позабележливо е и фактот кој вели дека екипата на Ангели, повеќе од една година не знае за загубен натпревар.
Клубот од Кисела Вода има забележано 15 победи по ред, најголем дел во оваа 2020 година, без ниту еден загубен натпревар.
Ова импресивно достигнување „ангелите“ го започнаа уште на 14. декември, 2019 година, со победата со Албес со резултат (80:68), и од тој ден се редат само победи:
21.12.2019: Ангели – Хераклеа 85:50
01.02.2020: Ангели – Црн Дрим 90:81
08.02.2020: Мега Баскет – Ангели 70:101
22.02.2020: Чаир 2030 - Ангели 72:85
29.02.2020: Ангели – Тетекс ТТК 85:48
07.03.2020: Спорт Тим – Ангели 43:114
Овие натпревари се од само еден дел од сезоната 2019/2020 која беше прекината поради пандемијата со Covid-19.
Во новата сезона 2020/2021 екипата на Ангели прикажа уште подоминантни игри. И во првиот дел, после осум одиграни кола сè уште се единствената непоразена екипа.
Победи беа забележани на следните натпревари:
Ангели - Баскет Кам 96:66
Струмица – Ангели 46:67
Ангели – Феникс 69:65
Ангели – Куманово2 96:74
Ангели – Борец Баскет Велес 83:56
Ангели - Про Баскет Радовиш 90:54
Ангели – МКК Куманово 84:60
Ролинг 08 – Ангели 58:111