21.09.2020

Седум поени и три асистенции за македонскиот репрезентативец кај „зелено-црните“ во првиот меч од сезоната

Лига „Ендеса“: Супер старт за Димитријевиќ и Хувентуд, во Бадалона „падна“ Уникаха

Со ден задоцнување, кошаркарите на Хувентуд ја стартуваа новата сезона во „Ендеса“ лигата. На шпанската премиера во Бадалона, „зелено-црните“ беа подобри од еден од постојаните фаворити за висок пласман, екипата на Уникаха.

Славеше тимот на Ненад Димитријевиќ со сигурни (81:73), во натпревар во кој македонскиот репрезентативец беше реализатор на седум поени.

Со не баш висок просек на реализација во шутот од поле (1/4 за два и 1/6 за три поени), половичен од линијата за слободни фрлања (2/4), дополнети со три асистенции и еден скок за 24:08 минути поминати во игра.