17.04.2020

Лигите во Франција нема да продолжат до септември

Следниот состанок на крајот на месецот, на кој можеби Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски ќе дознаат многу повеќе за и околу своите понатамошни обврски во Гравелин Данкерк односно Евре...

 

Раководството на професионалните лиги во Франција одлучи дека во овој момент не постојат можности за реализација на планираните активности во овој месец.

Како и тоа дека натпреварите во ПРО А и ПРО Б кои моментно се прекинати, нема да можат да продолжат пред септември.

Во периодот кој следува, односно до следниот состанок, предвиден за крајот на април, одредени се работни групи кои веќе почнаа со работа заедно со сите засегнати страни во професионалната кошарка.

Сите заедно, мора да ги земат в предвид хипотезите за крајот на сезоната 2019-20 (конечно престанување и под кои услови, или продолжување и завршување од септември).

Освен тоа, овие работни групи имаат обврска повеќе да ги нотираат економските последици од оваа криза кои се однесуваат за клубовите и лигата и да идентификуваат решенија и перспективи за сезоните што доаѓаат.

Да размислат и да предложат формат на натпреварите за сезоната 2020/21 (едно или повеќе сценарија), имајќи ги предвид одлуките донесени за сезоната 2019/20.

Оваа работа ќе биде предмет на завршен извештај што ќе биде доставен до Извршниот комитет за одобрување пред крајот на април, и доставено до Генералното собрание на одобрување.

Момент кој со нетрпение го очекуваат и двајцата наши репрезентативци, Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, кога веројатно и ќе дознаат многу повеќе за своите понатамошни професионални обврски кон Гравелин Данкерк односно Евре.