Иако имаше најави за целосен прекин, водечките луѓе на ЛНБ одлучија да почекаат со конечната одлука
Управниот комитет на Националната кошаркарска лига на Франција одржа состанок на кој се дискутирало за различните прашања поврзани со здравствената криза во земјата и нејзините последици од професионалните кошаркарски натпревари.
По разгледувањето на комплетните информации за состојбата, и досегашните одлуки на европските лиги, беше одлучено дека натпреварите од елитната ПРО А и ПРО Б остануваат суспендирани до понатамошно известување.
Пред се затоа што нивното продолжување е секогаш посакувано, но ќе се направи во согласност со владините одлуки, со тотално и приоритетно почитување на безбедноста и здравјето на играчите, тимовите за поддршка и јавноста.
Во договор со Сојузот на професионални кошаркарски клубови, со Националниот кошаркарски сојуз и сојузот на тренери за кошарка, Националната кошаркарска лига ќе формира заеднички работни групи во наредните неколку дена.
Вклучително и претставници на сите засегнати страни во професионалната кошарка, како и квалификувани надворешни личности. Овие групи ќе бидат одговорни за градење предлози за претпоставка за продолжување и завршување на натпреварите според владини одлуки (редефинирање) и календари на европски натпреварувања и новиот олимписки календар: календари и формули за играње на ЛНБ.
Ова значи дека нашите репрезентативци, Војдан Стојановски кој е дел од екипата на Гравелин Данкерк, која се натпреварува во ПРО А, и Стојан Ѓуроски, играч на ПРО Б лигашот Евре, ќе мора да ја (по) чекаат наредната одлука на ова тело на француската елитна кошарка.
И двајцата новите информации ќе ги чекаат во Скопје, каде во меѓувреме беа сместени во домашна самоизолација по нивното враќање од земјата на „галските петли“.