Линкови за следење на натпреварите на репрезентацијата до 15 години - КФСМ
03.11.2017

Линкови за следење на натпреварите на репрезентацијата до 15 години

Македонската репрезентација до 15 години која е дел од проектот на ФИБА за развој на млади и талентирани кошаркари насловен како „Заедно до U16“ ќе земат учество на турнир во Софија, Бугарија. Нашите репрезентативци синоќа пристигнаа во Бугарија, а денес ќе го одиграат првиот натпревар од вкупно три кои се на агендата до недела.

Прв противник на овој турнир ќе ни биде селекцијата на Романија. Натпреварот ќе се одигра денес (3. ноември) со почеток во 18:00 часот и истиот ќе може да се проследи на следниот ЛИНК.
- статистика

Втор противник на овој турнир ќе ни биде домаќинот Бугарија. Натпреварот ќе се одигра утре (4. ноември) со почеток во 16:00 часот и истиот ќе може да се проследи на следниот ЛИНК.
- статистика

Последниот натпревар на оој турнир ќе го одиграме в недела (5. ноември), против селекцијата на Косово со почеток во 9:00 часот. Натпреварот ќе може да се проследи на следниот ЛИНК.
- статистика