20.12.2017 Спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Mакедонија изминатите 20 дена гласаа за најдобрите во кошарката за календарската година 2017. Признанијата ќе бидат доделени в понеделник (25. декември) со почеток во 19:00 часот во Сквер 21 (поранешно кино Вардар). На свечената церемонија ќе им бидат доделени и благодарници на спонзорите кои и оваа година беа поддржувачи на Македонската кошаркарска федерација како и на Специјалната Олимпијада на Македонија која продолжува да промовира развој на кошарката кај лицата со попреченост. ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ: Најдобар кошаркар Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда) Најдобра кошаркарка Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак) Најдобра машка екипа (сениори) МЗТ Скопје Аеродром Најдобра женска екипа (сениорки) Бадел 1862 Најдобра машка екипа (младински) Вардар Најдобра женска екипа (младински) Бадел 1862 Тренер на женска екипа (младински) Анета Глигорова (Бадел 1862) Тренер на машка екипа (младински) Денис Дервишевиќ (Феникс 2010) Тренер женска екипа (сениорки) Бранко Андриевски (Вардар) Тренер машка екипа (сениори) Љупчо Малинков (Фени Индустри) Млад кошаркар Дамјан Крстевски (Работнички, Репрезентација до 18 години) Млада кошаркарка Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, Репрезентација до 16 години) Најдобар судија Алија Феревски