18.12.2018 Кошаркарските работници ширум Македонија ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година. Признанијата ќе им бидат доделени на наградените на свеченоста во организација на МКФ в понеделник (24. декември) со почеток во 20:00 часот во просториите на Сквер 21 (поранешно кино Вардар). Најдобар македонски кошаркар за 2018 година Војдан Стојановски и Бојан Трајковски Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година Анџелика Митрашиновиќ Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги) Работнички Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги) Бадел 1862 Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги) Работнички Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги) Струга 2009 Најуспешна млада репрезентативна екипа М16 мажи Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги) Анета Глигорова Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги) Александар Јованчев Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги) Срѓан Дамњановски Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги) Марин Докузовски Најдобар млад кошаркар за 2018 година Виктор Ефремовски Најдобра млада кошаркарка за 2018 година Илина Селцова Најдобар судија за 2018 година Игор Митровски