12.06.2020

Државното Средно Училиште „Спортска Академија“ ги објави резултатите од селективните тренинзи

Листа на кандидати за упис во ДСУ Спортска Академија - паралелка Скопје и паралелка Куманово за учебна година 2020/2021

Во изминатиот период, од 8. до 11. јуни, во Куманово и во Скопје, Државното Средно Училиште „Спортска Академија“ ги реализира селективните тренинзи за кошаркарите и кошаркарките кои идната учебна година своето образование сакаат да го продолжат токму во спортско-образовна институција.

Согласно протоколот за заштита од COVID - 19, селективните тренинзи се извршија на терен од отворен тип со физичко дистанцирање помеѓу кандидатите и тренерите кои ги спроведуваат селективните тренинзи.

Редарска служба водеше сметка за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 (два) метри во теренот и околу теренот и на местото за публика од каде беа повикувани кандидатите. Реквизитите и теренот се дезинфицираа по промената на пријавените кандидати.

Список на ученици кои имаат право да се запишат во ДСУ „Спортска академија“ – Скопје:

СКОПЈЕ

КУМАНОВО