Младата селекција на Литванија, односно играчи „Под 16“ години е новиот европски кадетски шампион.
Во големото финале, одиграно вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, беа подобри од селекцијата на Шпанија. Во натпфревар во кој имаа постојано водство, стигнаа до победата од (77:68) и златните медали на овој одлично организиран шампионат од страна на македонската кошаркарска федерација.
Мантас Лоренцикас со 26.поени (плус шест скока и три освоени топки), беше топ-играчот на победничката екипа која стави крај на серијата од четири порази во финалните натпревари на Европските шампионати.
И за прв пат по 2008 година, ја освои европската кадетска круна.
Претходно, во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Франција прослави голема победа над Грција (65:46), и го освои последното место на подиумот откако направи сериозен пресврт во средината на втората, и почетокот на третата четвртина.
Марио Сеп-Супери е МВП на првенството, и ја предводи идеалната петорка
Шпанскиот кадет Мари Сен-Супери беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Скопје. Во големото финале против Литванија, малдтаа ѕвезда на „црвената фурија“ реализирше 31.поен, но тоа не беше доволно за конечен успех на неговата селекција.
Во идеалната петорка на шампионатот има место уште и за Нојус Идрусаитис од Литванија, Бен Аврам Сафар (Израел), Неоклис Авдалас (Грција) и Мохамед Диаките од Франција.