18.07.2024

По лошиот резултат во олимписките квалификации, Казис Максвитис поднесе оставка на селекторската позиција

Литванија ќе ја дочека Македонија во ноемврискиот квалификациски „прозорец“ со нов селектор

Казис Максвитис веќе не е селектор на репрезентацијата на Литванија!

Веројатно и помалку очекувана одлука со оглед на последните неуспешни игри на литванскиот национален тим.

Репрезентацијата од Балтикот, кој е наредниот противник на нашиот сениорски национален тим во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година (нė чека двомеч во рок од неколку дена во ноември) не успеа во обидот да се пласира на Олимписките игри во Париз, затоа што загуби од Порторико во финалето на турнирот во Сан Хуан, иако важеше за главен фаворит.

Исто така челниците на литванската федерација не беа задоволни ниту со резултатот на ланскиот Мундобаскет на кој беше остварен пласман на шестата позиција.

Максвитис го презема селекторското место во септември, 2021 година. За време на неговиот мандат Литванија беше 15.на Евробаскетот во 2022 година, а севкупно, за период од три години оствари 20. победи и претрпе осум порази во оние официјални натпревари.

Беше селектор на младинските репрезентации кои го освоија првенството во 2008 година (репрезентација „Под 16“ години), Европското првенство во 2010 година за играчи „Под 18“ години, Светскиот шампионат за кошаркарки „Под 20“ години кој се одржа во 2011 година, како и Евробаскетот во истата возрасна категорија, одржан една година подоцна.   

Максвитис е еден од тренерите кои „произведоа“ играчи како Јонас Валанчиунас, Едгарс Улановас, Арнас Буткевичиус, Рокас Гедраитис, кои се дел од сениорскиот тим на Литванија.