Убедлив пораз за Македонија на стартот на натпреварите од Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“.
Во првото коло од групата „Ц“, Литванија беше многу подобар ривал од нашиот јуниорски тим.
ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 137:62
Победата, литванската селекција ја најави уште во воведните десет минути од премиерниот натпревар. По десет минути од играта веќе водеа со високи (33:18). Во исто темпо се движеа настаните и во втората четвртина, во која тимот од Балтикот изгради уште поголема предност (59:30), недостижна за нашите јуниори.
Ниту големиот одмор не донесе добри работи за нашата јуниорска репрезентација. Поквалитетниот противник само ја зголемувааше разликата.

На средина од третата четвртина, Литванија имаше ушпте поголем плус (82:39).
Статистиката вели дека скоро една третина од оние крајни 62.поени за нашата селекција ги постигна капитенот Јаничиќ, вкупно 21.
Во второто коло од групната фаза, утре, од 13.30 часот, Македонија игра против селекцијата на Грција.