05.03.2021

Со голем пресврт, „морнарите“, со Војдан како стартер, го запреа Ле ман. Славеа со убедливи (91:77), по петти пат во сезоната

ЛНБ ЛИГА: Гравелин и Стојановски му се вратија на победувањето

По лошото прво полувреме во кое заостануваа осум поени (38:46), домашните кошаркари експлодираа во третата четвртина. Ја добија до повеќе од убедливи (30:8) за комплетен играчки и резултатски пресврт. На крајот тоа го претворија и во голема победа од (91:77).

На првиот меч по репрезентативните активности со нашиот национален тим, Војдан Стојановски доби многу поголем простор за игра. За 22:36 минути, нашиот капитен како стартер, реализираше шест поени (3/5 за два поени. Но имаше и четири асистенции и еден скок.

По 11.одиграни натпревари, екипата од Данкерк сега е на ефект од пет победи и шест порази, доволна за десеттото место во најквалитетната француска лига.