По една долга пауза, нешто повеќе од еден месец, продолжија возбудувањата и во најквалитетната лига на Франција. Стартуваше осмото коло во кое екипата на Гравелин Данкерк, за која настапува Војдан Стојановски го дочека тимот на Шалон Ремс.
И со неверојатно одиграна последна четвртина, која ја добија со (30:14), на крајот стигнаа до голема поебда од (84:80).
Капитенот на нашиот национален тим, за кого ова беше прв меч по подолго време, одигра 23:34 минути. Реализираше шест поени (2/4 за три и 0/1 за два поени). Имаше и еден скок, една освоена и една загубена топка за времето проведено во игра.
Иако се (од)игра осмото коло, ова беше само шестиот одигран натпревар за „морнарите“, и втора победа за екипата од Данкерк, која со овие бодови се „одлепи“ од дното на табелата.