26.12.2020

Тимот од Вилербан убедливо го порази оној од Данкерк со (96:68).

ЛНБ ЛИГА НА ФРАНЦИЈА: Асвел е Евролига за Гравелин

Кошаркарите на Гравелин не успеаја да направат изненадување на гостувањето во Вилербан.

И пред да почне мечот во „Астробал“ беше јасно дека евролигашот е голем фаворит. На крајот, домаќините и го потврдија статусот. Славеа убедлив триумф над екипата од Данкерк со резултат (96:68).

Војдан Стојановски не беше во почетната петорка на „морнарите“. Одигра 23.минути во кои реализираше шест поени со половична прецизност (3/6 за два поени). Освен тоа капитенот на нашиот национален тим имаше и четири асистенции.

Гравелин останува на две победи во осум одиграни мечеви, за 14.место на табелата во ЛНБ лигата на Франција.