16.01.2021 Војдан Стојановски во немилост кај тренерот, одигра нешто повеќе од седум минути Екипата на Гравелин дојде до исклучително важна победа во ЛНБ лигата на Франција. Во драматичен меч во кој се играа и дополнителни пет минути, „морнарите“ ја совладаа екипата на Шоле (100:96). За жал, без особен придонес од Војдан Стојановски. Веќе втор натпревар по ред, капитенот на нашиот национален тим доби скромна минутажа од тренерот Серж Кревекер. Одигра само 07:10 минути, дел од играта во кој имаше само еден неуспешен обид за три поени. Ова беше третата победа на Гравелин во ПРО А лигата на Франција во осум одиграни натпревари во досегашниот дел од сезоната.