Војдан Стојановски се најде во стартната петорка на домашната екипа. Но Гравелин немаше добар старт, по првата четвртина заостануваше за пет поени (14:19), а зад името на капитенот нашиот национален тим беа запишани два поени.
До крајот на сиромашното, според бројот на поени, прво полувреме, бекот на Гравелин уфрли вкупно седум поени (2/2 за два и 3/3 за еден поен) и еден скок, но гостите го задржаа водството (34:30).
На почетокот на третиот период, дојдоа и до двоцифрена предност (43:32), а Стојановски имаше еден неуспешен обид од поле, и остана на претходниот ефект. За 18:31 минути поминати во игра, имаше седум поени (3/3 за еден, 2/3 за два и 0/3 за три поени).
Очајно делуваа домашните кошаркари во тоа второ полувреме во кое без Стојановски на теренот, беа во минус и од 19 поени (49:68). За 15.минути „морнарите“ од Данкерк имаа дадено само 19.поени.
По овој пораз од (67:81), Гравелин останува на само една победа во пет одиграни натпревар во ПРО А лигата.