06.02.2021

Четири поени за Војдан Стојановски со мал број на минути во убедливиот пораз од Орлеанс (69:104)

ЛНБ ЛИГА: Партија за заборав на Гравелин

Екипите на Орлеанс и на Гравелин го одиграа заостанатиот натпревар од седмото коло на француската ЛНБ лига.

За гостите од Данкерк беше подобро и да не го играат. Затоа што од самиот почеток Орлеанс доминираше во секој поглед. Рано, домашната екипа направи убедлива предност. На истекот на првата четвртина водеа со двојно поголеми (31:16). На полувремето имаа уште повисоки, и недостижни (54:31).

На крајот повеќе од убедливи (104:69) за домашната екипа.

Војдан Стојановски не играше многу на овој меч. За 13:12 минути на теренот, капитенот на нашиот национален тим даде четири поени (2/2 за два поени и 0/1 за три), две освоени топки, еден скок, и по една освоена, односно загубена топка.

Ова беше 10.меч за Гравелин во најсилната лога на Франција, и шести пораз во сезоната исполнета со доста прекини, промена на термини за играње, и одложување на дел од натпреварите.