29.01.2021

Војдан Стојановски реализираше 11. поени со беспрекорна реализација во шутот од поле, во триумфот (100:84) против Булазак

ЛНБ лига: Победа број 4 за Гравелин, Стојановски трет стрелец

Војдан Стојановски и неговиот Гравелин, вечерва го играа мечот од 12. коло од француската ЛНБ лига. На домашен терен го дочекаа составот на Булазак. И со многу подобра игра во второто поливреме, тигнаа до победа од (100:84).

За нив четврта, во  девет одиграни мечеви, скор (4-5) со кој се движат кон средината на табелата во шампионатот на Франција.

Она што особено не радува, малку поголем простор, и веднаш игра која теба да ги задоволи апетитите на стручниот штаб на тимот од Данкерк, предводен од тренерот Серж Кревекер.

Војдан Стојанпвски поентираше беспрекорно на овој меч. За нешто повеќе од 14.минути, капитенот на напшито националне тим релизираше 11.поени. Го погоди сите обиди од поле (1/1 за три, 3/3 за два поени) и од линјата за слободни фрлања (2/2). Имаше и еден дефанзивен скок за тоа време поминато во игра на оваа средба.