Кошаркарот на новиот, кадетски шампион, Лука Марјановиќ, го доби признанието за најкорисен играч на завршниот турнир кој во изминатите два дена се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Младиот кошаркар имаше два одлични натпревари на овој завршен дел од М16 лигата во машка конкуренција.
Во полуфиналето, и победата над Баскет Кам (104:58), Марјановиќ реализираше двоен ефект изразен со 26.поени, 10 скока, три асистенции и исто толку загубени топки, и индекс 30.
Во мечот за златните медали, и победата против Фенкс 2010 (82:71), оствари уште еден дабл-дабл ефект, изразен со 14.поени, 10. скока, и седум освоени топки.
Сосема заслужено за да дојде до МВП наградата на турнирот!