25.05.2019

М14: Девојките на Крива Паланка се закитија со злато

Најмладите кошаркарки на Крива Паланка денеска се закитија со златните медали во конкуренцијата до 14 години. Ведран Белешковски ги диригираше акциите на своите избранички на паркетот во спортската сала „Бранители 2001“ каде тие го организираа завршниот турнир во оваа возрасна категорија.

Во финалето, тие триумфираа над врсничките од Бадел 1862 со 63-42, а кошаркарката Михаела Алексовска се здоби со признанието најкорисен играч.Во натпреварот за трето место славеа кошаркарките на Трокал над Патриот 2016 со 51-37.

Полуфинале резултати:
Бадел 1862 – Патриот 2016 54-37
Крива Паланка – Трокал 70-42