08.06.2022

Водно Санс и Куманово 2009 за бронзените медали...

М14 мажи F4: Вардар и Феникс 2010 ќе се борат за шампионскиот трофеј

Екипите на Вардар и на Феникс 2010 утре ќе си ги одмерат силите во финалето од завршниот турнир за кошаркари до 14 години и ќе го одредат шампионот во оваа младинска категорија. Кошаркарите на Водно Санс и на Куманово 2009 пак ќе се борат за последното место на пиедесталот односно за бронзените медали.

М14 F4 мажи резултати:
8.06.2022
Полуфинале 1: Вардар - Водно Санс 139-41
Полуфинале 2: Феникс 2010 - Куманово 2009 66-64

9.06.2022
Натпревар за трето место: Водно Санс - Куманово 2009
ФИНАЛЕ: Вардар - Феникс 2010

Во рамки на првиот полуфинален дуел, кошаркарите на Вардар триумфираа над врсниците од Водно Санс со убедливи 139-41 односно 32-7, 29-12, 30-7 и 38-15 по делници. Безмилосните вардарци го диктираа ритамот на игра уште на почетокот на натпреварот, не дозволувајќи му на противникот да обезбеди сигурен пат до реализација. На паузата црвено-црните кошаркари имаа трипати поголем број на реализирани поени, што до крајот на натпреварот им донесе доволно самодоверба за сведување на играта и резултатот на рутина.

Во второто полуфинале, Феникс 2010 успеа да се избори за настап во финалниот натпревар закажан за утрешниот ден откако славеше над Куманово 2009 со 66-64 односно 20-15, 7-10, 21-20 и 20-19 по делници. Кошаркарите од редовите на клубот од Скопје ги искористија грешките на своите противници, па преку реализирани поени од линијата на слободни фрлања ја одржуваа минималната предност од два поени со која се замина на паузата. По враќањето на теренот двете екипи се бореа поен-за-поен, но во финишот славеше Феникс 2010.

Повеќе фотографии од денешните натпревари се објавени на Facebook страницата на КФСМ. Снимки од натпреварите се достапни на YouTube каналот на КФСМ.