17.05.2019 Четири клуба почнувајќи претстојната сабота, а завршувајќи в недела ќе се надигруваат на завршниот турнир во возрасната категорија до 14 години во машка конкуренција. Младите кошаркари натпреварите ќе ги одиграат во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Кочани откако учесникот на ’фајнал-фор’ турнирот Дино Баскет победи на лицитацијата за организатор. Во рамки на првиот полуфинален дуел силите ќе си ги одмерат младите кошаркари на Вардар и на Работнички, а во второто полуфинале ќе се пресметаат организаторот Дино Баскет и МВП Струмица. Првиот натпревар е закажан за16:00 часот додека вториот е закажан за 18:00 часот. Двата натпревара ќе се одиграат в сабота (18. мај, 2019 година). Натпреварот за трето место и финалето ќе се одиграат ден подоцна, в недела (19. мај, 2019 година) со почеток во 14:00 односно 16:00 часот.