03.06.2018 Кошаркарите на Феникс 2010 се вторите патници во финалето од завршниот турнир во генерацијата до 15 години откако ги совладаа врсниците од Партизан Мулти Шпед со 85-64 во рамки на второто полуфинале. Во финалето, веќе ги чекаат кошаркарите на Вардар кои се изборија за тоа против МЗТ Скопје Аеродром. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.