26.05.2019 Младите момци на Партизан Мулти Шпед (2) денеска ја освоија шампионската титула во возрасната категорија до 15 години откако во неизвесен натпревар до истекот на четириесеттата минута го совладаа тимот на Академија ФМП со 67-71. Кошаркарот Виктор Стојковски се здоби со признанието најкорисен играч. Во натпреварот за трето место, Вардар триумфира со убедливи 77-41 над Феникс 2010 и ја заработи бронзата во оваа генерација. Резултати полуфинале: Вардар - Академија ФМП 64-80 Партизан Мулти Шпед - Феникс 2010 81-78