Кошаркарите на Феникс 2010 се крунисани за шампион во возраљсната категорија до 16 години. Избраниците на Денис Дервишевиќ ги совладаа кадетите на Тони Симиќ од Партизан Мулти Шпед со 90-63 во рамки на завршниот турнир во М16 и ја заверија титулата која ланската сезона им ’избега од раце’. Третото место им припадна на кошаркарите на Вардар. Андреј Митревски од Феникс 2010 е прогласен за најкорисен играч.
Целосната статистика може да се погледне на слендиот линк додека снимка од натпреварот може да се погледне на следниот линк.