02.06.2019 Во резултатски тесен натпревар, кошаркарите на Вардар успеаја да ги надминат пречките во полуфиналето и во финалето да триумфираат над своите врсници од Феникс 2010. Победата во финалето им ја донесе и шампионската титула во кадетската возрасна категорија, за момци до 16 години. Александар Јованчев со своите избраници во полуфиналето славеше над МЗТ Скопје Аеродром со 82-68, а потоа и во финалето против Феникс 2010 со 71-65. МЗТ Скопје Аеродром го освои бронзениот медал откако во натпреварот за трето место запиша триумф над врсниците од Работнички со 60-57 кои првиот ден загубија од Феникс 2010 со 77-53. Кошаркарот Павел Атанасов го доби признанието најкорисен играч.