18.05.2019 Јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија шампионската титула во возрасната категорија до 18 години откако во рамки на финалниот натпревар од завршниот турнир ги надиграа противниците од Партизан Мулти Шпед (2). На младите кошаркари не им беа доволни 40 минути за конечна разврска, па шампионот се одлучи во пет минути дополнителна игра. Резултатот односно шампионот се реши во последните неколку секунди зад линијата за три поени од која како победници изегоа младите момци на Горан Крстевски. МЗТ славеше победа со 82-83. Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Виктор Исајлоски, се здоби со признанието најкорисен играч (MVP) на финалето. Снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК. Во натпреварот за трето место триумфира Феникс 2010 над ланскиот шампион Работнички со 63-55.