05.06.2017

М18: Работнички прв финалист на F4

Екипата на Работнички е на еден чекор поблиску до шампиолнската титула во возрасната категорија до 18 години откако јуниорскиот погон на најтрофејниот кошаркаски колектив во Република Македонија славеше над врсниците од таборот на актуелниот шампион во домашното првенство (сениорска лига) МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 98-60 (28-16, 30-13, 28-11, 22-20). 

Добрата игра во вториот период на кошаркарите на Работнички им донесе убедливо водство од 48-29 на полувремето, а двоцифрената разлика се покажа како недостижна за кошаркарите од клубот од Аеродром.

Стрелци на натпреварот
Работнички: Јордановски (22 поени), Темелковски (11 поени, 10 скокови), Крстевски (17), Атанасов (10), Деолски (15)  
МЗТ Скопје Аеродром: Лазаревски (22 поени), Трсунов (12), Лисичков (11),