Крива Паланка и Баскет Кам 2011 ќе си ги одмерат силите во борбата за шампионскиот трофеј во возрасната категорија за кошаркарки до 18 години откако двата тима ги совладаа своите противници, екипите на Бадел 1862 и на Трокал во рамки на полуфиналните дуели.
Организаторите на овој завршен турнир во јуниорското првенство за кошаркарки, Крива Паланка, ги надиграа своите противнички од Скопје со 67-56 односно 21-20, 15-6, 8-16 и 23-15 по делници. Во рамки на вториот полуфинален дуел пак, кошаркарките на Баскет Кам 2011 славеа над Трокал со 56-66.
Утре, (24.05.2022) во 19:00 часот ќе биде потфрлена топката за почеток на финалниот натпревар кој ќе го одреди шампионот во оваа возрасна категорија. Неколку часа порано, во 16:30 натпреварот помеѓу Бадел 1862 и Трокал ќе го одреди треторангираниот во јуниорското женско првенство.