13.08.2021

Капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот.

Македонија – Словачка, се игра со присуство на гледачи, дојдете да им дадеме максимална поддршка на момците!

Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14. август од 19 часот, ќе биде „отворен“ за фановите

Конечно, и публика на еден кошаркарски натпревар.

И тоа особено важен за нашиот сениорски национален тим. Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14.август (сабота) од 19. часот, против селекцијата на Словачка, ќе биде „отворен“ за сите љубители на кошарката.

Согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во  нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот.
Односно овој исклучително важен меч за нашиот најдобар состав ќе може да го проследат околу 2.000 македонски фанови.

Секако со стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на Македонија.

Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи пропишано растојание помеѓу седиштата од каде ќе го следи натпреварот Македонија-Словачка.

Влезот за овој натпревар ќе биде слободен!

Оттука ги повикуваме сите љубители на спортот, пред сè на кошарката, да дојдат утре вечер во СЦ „Јане Сандански“, да му дадат максимална поддршка на нашиот тим, со една цел, заедно да славиме триумф кој ќе нè однесе чекор поблиску до планираната цел – пласманот во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.  

Сите заедно да навиваме за Македонија!