Точно навреме, во осум часот, нашата најдобра селекција го почна патот кон Перм, со една цел – Македонија да заигра на уште едно Европско првенство.
Во комплетен состав, со Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски во тимот, сениорите се упатија кон аеродромот во Скопје, каде во 10. часот, со специјален чартер-авион ќе полетаат за Русија, поточно за Перм.

Ги чека долг лет нашите најдобри кошаркари кои на крајната дестинација. Според „редот на летање“ би требало да пристигнат во 20.40 часот по локално, односно 16.40 часот во македонско време.