Избраничките на селекторот Јелена Антиќ го затвоприја пр виот дел од шампинатот со победа над РОманија (55:53), скор (2-2) доволен за второто место на табелата во групата „Ц“.
Лидер во оваа конкуренција остана репрезентацијата на Црна Гора која во последнито меч од групната фаза не дозволи изненадување, ја совлада селекцијата на Хрватска со повеќе од убедливи (80:49). За максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари.
Тој резултат беше од огромна важност и за селекцијата на Македонија. Нашите кошаркарки профитираа од ваквиот епилог бидејќи со тоа завршија како второпласирани во групата и ќе се борат за медал на овој шампионат.
Македонија има идентичен биланс како Романија (2/2), но поради победата во денешниот меѓусебен дуел, продолжува понатаму.
Противник на Македонија во четвртфиналето, на 15 јули (од 18.45 часот) ќе биде Словенија, репрезентација која, како и Црна Гора, оствари максимални четири победи во групата „Д“.
ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
15.ЈУЛИ (ПЕТОК)
14.15: Турција – Германија
16.30: Израел – Грција
18.45: Словенија – МАКЕДОНИЈА
21.00: Црна Гора - Норвешка
* Натпреварите се играат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ - Скопје