Далечниот Бахреин беше во средиштето на средношколскиот спорт во изминатите десетина дена. Се одржуваше Светската гимназијада за средни училишта, во која свое место си најдоа и нашите 3Х3 селекции во машка одноосно во женска конкуренција.
А нашата репрезентативна тројка, Сергеј Младеновки, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ стигна до самата завршница на натпреварите во баскет 3Х3.
Во конкуренција на 37. репрезентации од целиот средношколски свет, нашиот машки баскет тим, предводен од професорот и ментор, Вјенцислав Рангелов, го освои одличното четвртто место.
Добри игри на овој грандиозен собир на средношколците од целиот свет, прикажа и нашата женска 3Х3 селекција во состав: Мила Илијевска, Невена Стефановска, Антонија Тодоровска и Нена Георгиевска, предводена од тренерот Ведран Белешковски.