По гостувањето во Црна Гора каде одиграа два пријателски натпревари, в изминатите два дена нашиот женски младински состав одигра уште две контролни средби.
Овојпат на домашен терен, на „Кале“ ни гостуваше соодветната селекција на Швајцарија. Двомеч во кој избраничките на селекторот Јелена Антиќ стигнаа до првиот успех во периодот на подготовките.
На првата проверка, нашата женска селекција „Под 20“ беше за еден поен подобра од швајцарската. Натпревар на кој Матеа Николиќ реализише 16. поени и пет скока, Наталија Секуловска дополни 14.поени и три скока, а Елена Тасевска беше третата со двоен број на поени – 12 (плус три скока).
Младите кошаркарки на Швајцарија ни се реваншираа во втората во која стигнаа до триумф од (69:56).
Имаа одличен старт, и во првите десет минути се стекнаа со клучната предност (23:11). До полувремето нашите девојки намалија на (28:32), по три четвртини разликата беше слична (40:45). Но немавме доволна енергија за комплетно „враќање“ во оваа втора контрола реализирана во Скопје.
Илина Селцова реализираше 11.поени, а Елена Тасевска уште 10.